Летен Камп за Промовирање на Детските Права и Интеркултурната Комуникација
Ученици од основните училишта на летен камп за промовирање на детските права и интеркултурната комуникација
Во рамките на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, кој се спроведува од општина Струмица во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование-Скопје и финансиски поддржан од Детската Фондација Песталоци, на летниот камп кој се одржува во Струга, учество зедоа и ученици од основните училишта од Струмица.
Целта на овој летен камп, на кој учествуваат и деца од Прилеп, Тетово, Теарце, Куманово и Кавадарци е учесниците да стекнат вештини и знаења, да научат за принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, да ги промовираат детските права, интеркултурната комуникација, различните вредности и толеранцијата помеѓу децата и младите од различни култури.
Од летниот камп учениците доаѓаат со акциони планови за локална кампања за промоција на детските права и интеркултурната комуникација со активности за одбележување на Светската недела на детето.
Општина Струмица, како пилот општина досега има реализирано повеќе проекти во кои се вклучени ученици од основните и средните училишта, за кои од страна на општината се обезбедува финансиска, логистичка и административна поддршка.