„Кучето со боја на небо“ премиерно пред струмичани
Струмичани викендов ќе имаат можност да ја проследат куклената претстава „Кучето со боја на небо“ на режисерот и драматург Дарко Ковачовски .
Станува збор за детска претстава, каде преку куклите, актерите ќе остварат една интересна приказна, за дел од актерите ова е втора куклена претстава во струмичкиот театар и повторно со режисерот Ковачовски.
Во оваа претстава играат актерите, Стојан Велков, Анѓелина Тренчева, Коста Ангов, Игор Тодоров и Анкица Бенинова.
Претставата ќе има две премиери, едната в сабота, 22 октомври, во 19 часот и другата в недела во 12 часот.