Крводарителска акција во Василево
Во среда, 15 март, 2017 година, Црвениот крст на Македонија во соработка со Заводот за трансфузициона медицина и општина Василево организира крводарителска акција. Акцијата ќе се спроведе во периодот од 09,00 до 14,30 часот, во просториите на Домот на културата во Василево.
Организаторите упатуваат отворена покана до сите сегашни и идни крводарители, да ја покажат својата хуманост на дело, да се вклучат во акцијата и да помогнат во спасувањето на нечиј живот.