Критична маса- Струмица на Точак, простор за сите
Синоќа се одржа настанот Струмица на точак, простор за сите, на која учествува околу 40 учесници кои едноставна желба е Струмица да стане вело-град.
Воведувањето (почитувањето) на издвоени велосипедски патеки придонесува не само за поголема проточност и безбедност на велосипедистите, туку за зголемена проточност и безбедност на сите! Не само задоволство кај велосипедистите, туку задоволство и кај возачите на автомобили.
Нема хендикипирани лица, има хендикипирани улици.
Нема ранливи учесници во сообраќајот, има ранливи услови.
Не сакаме ранлив град со конфликти на улица, со небезбедни услови.
Сакаме град каде секој ќе се движи комотно и безбедно!
Сакаме Струмица со комплетни улици, со почит за секој учесник во сообраќајот.
Секој од нас понекогаш е и пешак, и велосипедист и возач.
Ги знаеме проблемите. Сакаме ПРОСТОР ЗА СИТЕ!
Ќе возиме во различни средини со различни проблеми.
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град.
Критична маса во Струмица е самоодржлив, саморегулиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“).Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! И Струмица може да стане подобар град!