„Контекст – Струмица“ ќе биде домаќин на Јан Мок, маркетинг менаџер и новинар од Хонгконг
Деновиве здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ ќе биде домаќин на Јан Мок, маркетинг менаџер и новинар од Хонгконг.
Јан Мок е роден 1978 година, своето образование го стекнал во Хонгконг, а Македонија е 87та земја која ја посетил.
Тој е амбасадор за Хонгконг во Ужуписката република, која претставува слободна културна зона во Литванија, а за која амбасадор за Македонија е Митко Гогов. Ужупис или Užupis (белоруски: Зарэчча, полски: Zarzecze, руски: Заречье) е населба во Вилнус, главниот град на Литванија, во голема мера се наоѓа во стариот дел на градот Вилнус, дел од светското наследство на УНЕСКО. Ужупис значи “од другата страна на реката” во литванскиот јазик и се однесува на реката Vilnia; Името Вилнус е изведено од Vilnia.
Областа станува популарна за уметници од цел свет, а по некое време е споредувана со Монмартр во Париз и Фритаун Кристијанија (Freetown Christiania) во Копенхаген, поради неговата боемска и лежерно опуштена и креативна атмосфера. На 1 април 1997 година, областа се прогласува за независна република (Република Užupis), со повеќе од 50 амбасадори од цел свет.