Конкурс за карневалска фотографија „Карневалски слики 2016“
Здружението на граѓани „Евро-визија“ го отвора годинешниот конкурс за карневалска фотографија „Карневалски слики 2016“ на кој може да учествува секој кој има да сподели со нас фотографија од последната (минатогодишна) едиција на карневалските денови во Струмица.
Фотографиите можат да се испраќаат на email адресата на Здружението Евро – Визија [[email protected]] кое е формирано да промовира културни, традиционални, естетски и мултиетнички вредности. Ова е десета година по ред да се организира конкурсот за “карневалски слики“ со кој дополнително се промовира и афирмира идејата на струмичкиот карневал, а оваа година се очекуваат уште повеќе заинтересирани фотографи. Отворањето на изложбата и прогласувањето на наградените се дел од програмските активности на манифестацијата Струмички карневал 2017 година.
Доволно е само да испратите фотографија на која има забележано дел од атмосферата од минатата година со вашите лични податоци како би биле во можност да стапат во контакт со Вас членовите на жирито и на здружението „Евро – визија“.
Дали и Вие имате фотографија од последното издание на карневалот? Да се потсетиме како беше и полека да се подготвиме за уште едно спектакуларно издание! Од здружението ветуваат убави награди!
Повикот за испраќање на фотографија е отворен до 17 февруари 2017 година (петок).