„Комуналец“ врши дополнително хортикултурно уредување во центарот на градот
Работната единица „Зеленило“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ изврши дополнување на хортикултурното уредување на булеварот „Маршал Тито“. Вкупно 33 теракота жардинерии се поставени околу палмите кои се засадени со цвеќиња од сортата тагетес. Ова хортикултурно уредување го надополни прекрасниот изглед на овој булевар. Дополнување на хортикултурното уредување е направено и на саат кулата на плоштадот „Гоце Делчев“. Таму се поставени висечки жардинерии во кои се засадени цвеќиња од видот сурфинии.
Од „Зеленило“ велат дека ќе продолжат со хортикултурното уредување и на други локации во градот.