„Комуналец“ го решава проблемот со поплавувањето на патот во Дабиле

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почна со изведување на градежни работи во Дабиле со кои ќе се спречи поплавувањето на патот кон Берово, проблем со кој подолго време се соочуваа жителите на ова населено место. Според Андреј Тошев, инженер во ЈПКД „Комуналец“ со атмосферската канализација повеќе нема да се поплавува оваа делница.

-При секој дожд на овој потег се собираше поголема количина вода, на некои места и до 30 сантиметри длабочина и со тоа се отежнуваше движењето како на возилата така и на пешаците. Проблемот започна да се решава во две фази, согласно ингеренциите први настапија „Македонија пат“ со тоа што го подигнаа патот со додавање на дополнителен слој на асфалт и сега настапува ЈПКД „Комуналец“ со изведување на атмосферска канализација од местото каде што се зафаќаат водите па се до испустот во еден постоечки канал во центарот на селото. Со тоа сметаме дека овој проблем ќе се реши и во иднина водата која што се собираше на оваа делница повеќе нема да прави проблем, рече Тошев.

фотографија на Општина Струмицафотографија на Општина Струмицафотографија на Општина Струмица

 

Напишете коментар