„Комуналец“ го чисти и дезинфицира плоштадот и околните улици
По упешно завршениот „Струмица опен фестивал“, јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ спроведува голема акција за чистење на плоштадот и околните улици. Акцијата почна веднаш по завршувањето на фестивалот со собирање на отпадот и метење на плоштадот, а денеска се врши миење и чистење на гранитните плочки со специјално средство кое истовремено врши и дезинфекција. Во акцијата се вклучени две машини за миење, цистерна и 30 вработени од „Комуналец“.
Од ЈПКД „Комуналец“ апелираат до граѓаните кои живеат на улиците околу плоштадот да пријават доколку забележат дека некаде има оставено отпад, а не го забележале вработените, а можат да ги пријават и местата за кои сметаат дека треба да се изврши дезинфекција. Пријавувањето може да се изврши во „Комуналец“ на телефонскиот број 034 325 909 и во општинскиот сервис „Систем 48“ на бесплатниот број 0800 1 48 48.