„Комуналец“ Чистеше на улицата „Маршал Тито“
Вработените во работната единица „Чистота“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ работеа и вчера согласно програмата за одржување на јавната чистота во општината.
На улицата „Маршал Тито“ на потегот од АД „Огражден“ до излезот од Струмица кон населеното место Куклиш, од двете страни се косеше тревата, се сечеа и отстрануваа гранките од дрвјата и останатите нискостеблестите растенија со што се отвори простор од 1,5 метри, а со кој се зголеми безбедноста и на пешаците и на возачите.
Согласно планот, работните активности на „Комуналец“ продолжуваат и во наредниот период.