Колумна- Немавме Фејсбук и Мобилни ама Имавме Другарство
Во време на електронско просветлување се повеќе се губиме во реалноста, да реалност е оној момент кога ќе ми се јавиш и ќе ми кажеш здраво како си, ти се јавив онака чисто да те прашам како си ? Што има ново? Ок се гледаме.
Да ама не е така…телефоните ѕвонат само по потреба да завршиш некоја работа и тогаш во тој момент си најдобриот другар, цар, закон , најачи човек у свету….
Да, телефонот што го држиш во рака као у секој момент ќе ти ѕвонат од царина дека ти поминал шлеперот, да самсунгот 5 и ајфоно 6 , освен за селфи, фејсбук, лајкови. чекирања и инстаграм, служи и за нешто друго…..
Каде отиде Другарството ? Да немавме мобилни, фејсбук, тогаш по цел ден бевме на улицата….да на иста улица израснавме , игравме фудбал, кошарка…делевме сендвич со маргарин и салама…Имавме исти симпатии…е да тоа беше другарство…а сега ….
Сега се почести одговори се у стилот…немам време, имам трчканици…ке ти се јавам и оп гледаш поминала годината…
Исто е со роднините, пријателите, колегите….
Каде отиде дружбата, радоста, шегата…
Улицата е полна со луѓе со празен поглед, да оној поглед кој ти продира во срцето и ти го крши на милион парчиња…поглед на неизвесност, поглед на исчекување на најлошото…
Поглед полн со завист, презир, очај….
И парите и проблемите, еден ден ќе ги закопат со вас 9 метри под земјата…
Не презирајте го другарството, љубовта и радоста….доколку не се негуваат тие пополека се гасат, е тогаш Ајфонот и Фејсбукот нема да ви помогнат….
Понекогаш една средба со човек со позитивна енергија, една насмевка, еден топол збор може да ви го разубави овој тензичен, депресивен и скап живот…
Автор- Д.Ѓ