Колумна на Ристо Ѓоргиев-Македонска желба за поробеност
Зелката има кошули триста, турското ропство петстотини години, а Македонецот милениумска потреба да се лаже дека утре ќе биде подобро.
lanciДенес звучи апсурдно да се каже дека македонците имаат желба за поробеност, та нели за првпат во многу векови имаме независна, самостојна држава. Но, всушност ние се уште сме поробени затоа што се однесуваме како нашата државата да припаѓа на некои од нашите најлоши непријатели. Македонците пателе и патат од синдромот “поробеност”.
Жал ми е што ова го пишувам како македонец, но тоа е реалност, македонците патат од потребата постојано да бидат лажени, крадени, понижувани и поробени.
Зошто тврдам дека патиме од ваквиот синдром?
Само погледнете ја денешнава состојба и се ќе ви се разјасни.
Еве ви еден пример. Неделава која изминува е полна со интересни вести. Работењето на новиот Специјален јавен обвинител, кој моравме да го назначиме, затоа што обвинителството кое го имаме е партизирано и нефункционално, треба да биде анализирано.
Кој ќе ја анализира работата на СЈО?
Погодивте, истото обвинителството кое го создаде проблемот и заради чија неспособност СЈО беше формирано. Рецептот за ваквиот вкусен колач е следен:
создавате проблем
корумпирани сте и не сакате и не можете да го решите
проблемот ескалира
друг доаѓа да ви го реши затоа што проблемот ги надминал сите граници
Вие одбивате да признаете дека сте криви и го продлабочувате проблемот со долевање масло и саботирање.
Ликувате дека луѓето кои се обидуваат да го расчистат вашиот хаос се неспособни.
tepihotВаквото однесување е класичен ропски синдром, а особено потсмевањето во стилот: леле колку сум паметен, јас направив проблем, а некој друг го “крка стапот”.
Посебно сум импресиониран од македонското истражувачко новинарство. На будното “сауроново око” ништо не може да му избега. Пример, аферата за фалсификувани лични карти.
Алфа ја реши загатката од милион долари – пронајде тепих. Тепихот да ти бил оној од куќата на Чаушот. Чаушот да ти имал слика со Заев. Заклучок, опозицијата фалсификувала лични карти и пасоши. Да да, погодивте истото тоа новинарство кое во десет години владеење не успеа да открие ниту една афера поврзана со криминалите на владејачката партија. Тоа е и она истото новинарство на кое 10 од 12 прилози му се нарачани од партијата. Пастирот води, овците следат.ovcar
Македонија уште еднаш ќе оди на предвремени избори. А и зошто да не?
Официјално изборите ќе чинат 8 милиони евра. Неoфицијално, некој баш добро ќе се збогати. Како и секој добар магионичар ДПМНЕ веднаш не насочи каде да гледаме. Во СДСМ, секако. Од националните телевизии дознавме дека СДСМ се финансира преку сомнителни извори. Истите тие телевизии, не најдоа за сходно да направат репортажа од каде ДПМНЕ има толкави средства да изгради палата сред Скопје во барок стил. Никој не истражи како државно земјиште заврши во рацете на партијата, ни како таа партија постојано оди на предвремени избори со огромни буџети за скапи кампањи. Нема ништо сомнително во работењето на ДПМНЕ, ама овие од СДСМ се апаши невидени. Нашиот пастир секогаш знае како да не однесе на вистинската полјана.zgrada.jpg
Унијата на жени на ДПМНЕ имаше собир. Груевски одржа говор. Повика на клоци да се истераат предавниците. Според него, сите ние кои не се согласуваме со неговите политики сме предавници. Случајно или не, ниту еднаш во цел тој говор не спомена родова еднаквост или колку се важни жените во општеството. Статистички, во демократско општество барем една од тие неколку илјада жени требаше да протестира против таквиот говор. За среќа, во диктатура, мислењето на лидерот е светост и се прифаќа без размислување. Затоа што лидерот рече дека полесно е така.
Истите тие жени, нешто подоцна отидоа да протестираат пред седиштето на СДСМ. Претпоставувам затоа што СДСМ постојано го надгласува ДПМНЕ во Собранието и не им дозволува на законите за родова еднаквост да поминат. Баш тука една од жените кои протестираа со страст изјави: СДСМ мора да падне!
Од што да падне сестро моја, нели ви кажаа во партија дека веќе 10 години имате апсолутна власт во државата?
Еве во моментов читам дека ДПМНЕ предлага да се воведе уште еден уредник во МТВ, за националната телевизија да добие кредибилитет. Да истата таа телевизија, која беше реформско чудо, која ќе станеше лидер во новинарството и која ние со наши пари ја плаќаме. Е за истата таа телевизија сега треба да платиме за да добие кредибилитет. Сепак важно е да не заборавиме дека барем се гради и реформира.
На робот е лесно да му земеш било што, тој и така е убеден дека тоа што му го даваш е награда, а не заслуга.
Премиерот на средината на месецот поднесе “условена оставка”. Секако ваквата оставка ме збуни. Па седнав јас пребарувам по старите мои книги со политичка теорија и нигде не најдов друг таков пример. И оп “Миле ми текна” – па Македонија е библиска земја, нема ни една друга ко нас и одма ми олесна.
Но пак се збунив, овој пат од тоа зошто Груевски условно ќе слегне од браникот на татковината? Кога сте премиер и кога вашата држава е во тешка политичка криза, а вие велите дека не се плашите од опозицијата, малку е чудно да ја условите оставката. Посебно затоа што нели народот е на ваша страна. Поробените обично се само овци кои играат, онака како што пасторот пее.
Инаку месецов доживеавме неверојатно среќен момент. Лидерот на опозицијата успеа да гостува на една од четири национални телевизии. Истите тие телевизии zaev.jpgкаде Груевски добива 29 минути од 30 минутниот “Дневик”. Нема поголем сведок дека демократијата е мртва, од тоа кога цела година лидерот на опозиција, не успеал да гостува на една четирите најдоминантни телевизии во земјата. На неговото прашање зошто има толкава разлика помеѓу времето одвоено нему и Груевски, уредничката на Канал 5 одговори: па Никола е премиер. Еве Никола веќе не е премиер, ама не се симнува од вестите. Еве јас си мислам дека нема некоја скриена агенда, туку едноставно новинарски кажано го “сака камерата”.
Само еден ден по поднесувањето оставка, Груевски ги собра сите градоначалници и министри на состанок. Инаку во тој момент ниту еден од тие луѓе не смееше да биде во тие простории, затоа што тие се државни службеници, а не партиски. Сепак, сите тие седеа таму и внимателно слушаа. Кога великиот лидер ве повикува, вие следите.
Македонија веќе со векови не може да научи да живее слободно. Ние едноставно постојано имаме потреба да ја потиснуваме слободата како нешто туѓо. Македонецот има потреба да трпи, затоа што таму некаде, некогаш ќе биде подобро. Македонија во последниве неколку години „ужива“ во вистинска диктатура. Бројот на иселени лица е тројно зголемен, државата тројно повеќе задолжена, стандардот на живеење опаѓа, инфлацијата ги јаде платите, ама барем цените растат.
Пред некој ден едно интересно видео ја обиколи Македонија. Гледач се јавува во утринска емисија и плаче поради оставката на Груевски. Во науката ваквиот однос е познат како “Стокхолмски синдром”. Соживувањето со своите киднапери во Македонија е многу полесно, посебно кога патите од пуста желба за поробеност и цел свој живот сте го поминале во ропство.