Колумна – Изместени вредности
Не можам да се изначудам на сето мрмкање и жалење колку е тешко да се живее кај нас, кога секој втор , ај нека биде трет објавува слики од луксузни патувања ширум европските метрополи, чекирања во елитни места со јадења ко на некој филм…
Се чудам и не знам како да разберам кога на дневен ред дојдоа оние со полн новчаник да се жалат дека е оваа крај на светот …Апокалипса
Секој е политички АНАЛитичар, се толкува устав како му одговара на лидерот на партија…бај да веј на телевизиите само политика се бистри , секоја чест на одредени исклучоци..
До толку сме политички загадени што од нашите души излегува само гнасотии и навреди кон нашиот политички опонент…
Се поретки се луѓето кога ќе седнеш и ќе зборуваш за нешто сосема друго, да кажаме за победата на Федерер над Надал…За музика, добар филм..музика…
Кривицата е во нас што се поголемо значење им се дава на политиката и политчарите се дигат на ниво на светители…на избавувачи на секое зло….
Извадете ги рацете од џебовите и од тастатурите и фанете се за работа, парите ниеден политичар нема да ви ги донесе дома…На оној што не му се работи секогаш вината ќе ја наоѓа во некој друг, а не во самиот себе…
И она кога пробуваш да насмееш некој тука на фејсбукот за да ги отргнеш од овие политички сивила секогаш те чекаат на нож…Ама има опции значи во секој момент може да се даде Unfriend , Unfollow…
Животот е краток, не губете време на изместени вредности и луѓе.
Автор- Даниел Ѓоргиев