Колумна- Ако Заплачам ќе ме Слушне ли Некој
Зборот чуван во себе неискажан,боли од болка, се полни со јад, доколку го искажеме можеби ќе не направи посилни, можеби, можеби за миг ќе ни олесни….
Доаѓаш на средина од живот, си мислеш полн сум со живот, со енергија, светот ќе го кренам на раце и ќе го носам на плеќи…
И тогаш почнуваат препреките, полека се губиш во просторот од таканаречени луѓе, не постојат искрени и чисти на срце луѓе, за да бидеш искрен не можеш да бидеш со чисто срце…
А зборовите колку болат, нечиј удар ќе те боли за кратко, а зборот, зборот боли до вечност.
Срцето не е камен да ги издржи тие животни удари кои ни доаѓаат секојдневно, колку и да сме идеалисти боли реалноста, те крши, поплека те ничкосува…
Си викаш ќе се среди, но времето си минува, јадовите и болките стануваат се поголеми…
До кога вака, до кога оваа срце ќе го издржи тоа…и немаш одговор…те гуши тишината …
Ја гледаш радоста во очите на твоите деца, кога на гости кај некое другарче и ги гледаат неговите играчките и кога ќе ти кажаат сакам и јас….ау тоа колку боли….те крши на милиони парчиња….зборот Сакам и јас ти одекнува во болно ехо..а ти немаш одговор….
Дали ако заплачам ќе ме слушне некој, дали ако заплачам ќе ми ја намали болката…
Автор-Даниел Ѓоргиев