Кои се здраствените придобивки од Карфиолот
Карфиолот е зеленчук кој е доста богат со билни влакна,одличен извор на витамин Ц како и на фолна киселина, исто така содржи фитохемикалии и антиоксиданси кои се главни актери во борбата против хроничните болести.
Студиите за исхрана во која се содржи карфиолот најчесто истакнуваат дека карфиолот многу помага во борбата против Ракот, особено конзумирањето на карфиолот го намалува ризикот од ракот на простата.
Карфиолот може да се конзумира во секаква варијанта, докажано е дека еден филџан со приготвен карфиол содржи околу 73 проценти од потребната дневната количина на витаминот Ц за нашиот организам.