Ќе се става асфалт на игралиштето на ООУ „Маршал Тито“ во Струмица
Градежните активности на општина Струмица продолжуваат и денеска. Во моментот се вршат подготовки за поставување асфалт на игралиштето на основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица. Со овој градежен зафат опфатена е површина од 800 метри квадратни.