Кикбоксерите од Тим Зоран, со три златни медали на турнирот во Серес-Грција
Викендов во Серес Грција се одржа интернационален кикбоксерски турнир во дисциплините лоу киг и лајт каде струмичките кикбоскери од ,,Тим Зоран Струмица,, се вратија со три злата. На силниот турнир каде учествуваа натпреварувачи од десетина држави, тројцата струмичани беа најдоминанти и без пораз во своите конкуренции заслужено беа прогласени за победници при што го привлекоа вниманието на останатите учесници. Според информациите што ги добивме од тренерот Зоран Спасов во сениорска конкуренција златни медали освоија Трајче Стојанов во категоријата над 91 килограми и Марио Попефтимов во категоријата о 71 килограм. Одличен настап имаше и јуниорот Филип Мицевски кој во категоријата до 15 години во конкуренција на кикбоксери до 71 килограм исто така го освои златото. Инаку Тим Зоран на овој турнир учествуваше со само тројца натпреварувачи и сите во родниот град се вратија со злато.