Како Правилно да се Храниме во Текот на Зимата

Доаѓа зимскиот период, период во кој се повлекуваме во топлите домови и нашите физички активности се намалени а со тоа можноста за зголемување на тежината е доста големо.

Ова е период на доста празници, разновидни јадења како и благи специјалитети.

Каква исхрана и што треба да внесуваме во нашиот организмот во овој период каде чести се појавите на настинки, грип, бронхит.

Водата е најдобриот начин за прочистување на организмот во овој период, кофеинот треба да се избегнува, а доколку добиете настинка тука треба почесто да пиете чај.

Јадете кисело млеко, тоа е добар извор на пробиотици кои на организмот му дават правилно работење на цревата и на имунолошкиот систем.

Муслите треба да ги јадете почесто бидејќи тие се извор на витмаини како и на селен и на цинк.

Портокалите како и зелените пиперки треба да ви бидат секојдневено мени во вашата исхрана, а од месото во овој период корстете го телешкото месо, кое е богато со белковини,  железо и цинк, кои се борат против сите болести во зимскиот период.

 

Напишете коментар