ЈПКД „Турија“ од Василево се поднови со камион за смет
ЈПКД „Турија“ од Василево, за потребите на своето работење, набави камион за собирање на смет.
„Причината за набавката на овој камион за собирање смет од домаќинствата е од два аспекти: првиот аспект е дека нашето комунално претпријатие успешно функционира и е во можност да набави механизација за своето тековно работење, а вториот аспект е потребата на граѓаните, искажана на средби со нив сметот да се собира од сите домаќинства на територијата на општина Василево.“, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов при денешната негова посета на ЈПКД „Турија“.
Новиот камионот е со капацитет од 12 м3 , и е речиси двојно поголем од оној со кој досега се работеше во ова претпријатие.
Заради ограничените ресурси, односно имањето само на еден камион и еден трактор, комуналното претпријатие не е во можност да им понуди договор за оваа услуга на сите домаќинства од општина Василево. Со набавката на новиот камион оваа состојба ќе се подобри и ЈПКД „Турија“ ќе може на поголем број домаќинства да им го подига сметот.
„Наша интенција е да опслужуваме поголем број на граѓани, а со набавката на овој камион се надевам дека ќе успееме во намерите, – нагласи градоначалникот Стојанов.
Средствата за набавка на овој камион изнесуваат околу 20 000 евра и истите се обезбедени од сопствените приходи на ова претпријатие.