ЈП Паркиралишта ги замени оштетените сијалици на уличното осветлување
За четири дена заменети 79 сијалици на уличното осветлување во градот и населените места
Вработените во одделението за јавно осветлување при Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“ продолжуваат со редовното одржување на уличното осветлување во градот и населените места. Работно беше и во текот на вчерашниот ден кога се заменија вкупно 18 сијалици од кои 12 на улиците „Браќа Миладинови“, „Дрварска“, „Браќа Минкови“, „Народен фронт“, „Спиро Захов“, „Мито Хаџивасилев Јасмин“, „Цветан Димов“, и „Крушевска Република“, 6 на булеварите „Ленинова“ и „Гоце Делчев“, а на булеварот „Климент Охридски“ беше отстранет дефект во ормар за улично осветлување. Од почетокот на февруари, или за четири дена, во градот и населените места заменети се вкупно 79 сијалици.
Од одделението за јавно осветлување ги информираат граѓаните дефектите на уличните места од нивното опкружување да ги пријавуваат во општинскиот сервис „Систем 48“ на бесплатниот телефонски број 0800 1 48 48.