Јавен повик за учество во последната обука во проектот „Косме и Хоризонт 2020“

Во врска со Јавниот повик за избор на учесници на обуки во рамките на реализацијата на проектот ,,Бизнис Мрежа С-К-К”, објавен на ден 10.10.2016 година, последната обука која е предвидена во рамките на проектот – „Косме и Хоризонт 2020“, ќе се одржи во периодот од 25.04.2017 до 28.04.2017 во хотел „Сириус“, Струмица. Обуката „Косме и Хоризонт 2020” овозможува подетално разбирање на најважните можности за финансирање и механизми кои ги нудат истоимените програми. Имено, во делот на финансиската рамка 2014-2020, ЕУ има предвидено голем број програми во функција на зајакнување на конкурентноста и одржливоста на претпријатијата, поттикнување на претприемачката култура и развој на малите и средни претпријатија, како и олеснување на пристапот до странски пазари.
Главната цел на оваа обука е детална анализа и разработка на двете програми – Косме и Хоризонт 2020, како дел од финансиската рамка 2014 – 2020. Дополнително, истата има за цел да им помогне на учесниците да:
• Го зголемат знаењето за системите на учество и најсоодветните методи при идентификувањето на можностите за инвестирање кои се покриени од погоре споменатите ЕУ 2014-2020 програми;
• Се стекнат со знаење за главните теми и можности за финансирање кај Косме и Хоризонт 2020 ЕУ програмите;
• Се запознаат со важни информации/барања при главната политика на програмирање, правни текстови и документи и нивната важност при аплицирање за фондови;
• Завладеат со правилата при аплицирање за овие ЕУ програми, вклучувајќи некои практични алатки, со цел да се осигури:
-дека нивните предлози се совпаѓаат со целите на програмата;
-соодветно управување и реализација на ЕУ грантови.
Детални информации за програмата Косме: http://ec.europa.eu/growth/smes/cosme/
Детални информации за програмата Хоризонт 2020: https://ec.europa.eu/progra…/horizon2020/…/what-horizon-2020
Сите заинтересирани кандидати за учество на обуката можат да аплицираат пополнувајќи го онлајн апликациониот формулар на следниот линк:
https://docs.google.com/…/1FAIpQLSet-QBwv7uf__vuo…/viewform…
Апликациониот формулар може да се достави и во просториите на Одделението за меѓународна соработка и европски фондови при општина Струмица, ул. ,,Благој Јанков – Мучето” бр. 37 (Дом на АРМ) – Струмица.
Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати да испратат своја апликација најдоцна до 20.04.2017. Кандидатите кои ќе бидат избрани ќе бидат навремено информирани за нивниот избор преку и-меил или телефон.

Напишете коментар