Извршен увид во работите на патниот правец Струмица – граничен премин Ново Село
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески,градончалникот Коста Јаневски, директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, и пратеничката Катерина Кузмановска, извршија увид во работите на патниот правец Струмица – граничен премин Ново Село. Овој патен правец кој се реконструира во должина од 12, 3 километри е значајна сообраќајна артерија, која регионот го поврзува со соседна Бугарија, ја олеснува размената на стоки и услуги и го забрзува економскиот развој.