Изложба на Фотографии и Поетско Претставување на Јоханес Беилхарц
Јоханес доаѓа утре. Во четврток е неговата изложба заедно со поетското претставување во Sub Club во 20:00 часот. Препевот на овие негови три хаику песни е на Владимир Мартиновски.
Хаику втемелено на подлогата
(дилема меѓу небесата и земјата)
Настапнав на грст
песји лајна дур фото-
графирав грст неба.
Хаику за уметноста на филмот
Епа решив да
снимам арт-филм! Долг
долг кадар со ништо.
Хаику со сонот од мојот двор
Од дворот мој, Неил Јанг
на Стив Стилс му јави: ќе треба
уште кастрење.