Излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум-„Пресвета Богородица и Секогашдева Марија“,
На празникот на Христовото Воскресение, излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум – „Пресвета Богородица и Секогашдева Марија“, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса.
***
Богородица, заедно со жените мироносици, најмногу и докрај сострадуваа под Крстот, но затоа и први ја слушнаа веста за Христовото воскресение и први Го допреа Воскреснатиот Богочовек Христос.
Поуката што може да се извлече од напишаното е дека ни е потребна смирена и љубовна постојаност во подвигот на следење на Богочовекот Христос, докрај – до „последното место“. „Последното место“ е почеток и крај на овоземниот православен духовен живот.
Кога ме прашуваат духовните чеда да им кажам каде е местото на срцето, им одговарам кратко: тоа е „последното место“. Седни на „последното место“ и срцето само се отвора за умно-срдечната молитва. Токму тоа „последно место“ е скриениот подвиг на Богородица и жените мироносици, тоа е тајната на есхатолошкото свештенство.
Пресвета Богородице, по молитвите на жените мироносици, спаси нѐ!