Изградба на мост на река Турија
Претставници на МСИП Проектната единица при Министерството за финансии на РМ денес беа во посета на општина Босилово. Од страна на градоначалникот на општина Босилово гостите беа запознати со текот на изградбата на мостот на река Турија на локалниот пат Босилово – Радово како и пристапниот пат до него. Грант средствата за овој проект се обезбедени од страна на Европската Унија преку ИПА претпристапните фондови и истите се администрираат според правилата на Светска Банка.