Истражувањето на НОВУС ја потврди потребата од платформа за младите
Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамките на проектот „Младите и младинските организации –силен партнер на општина Струмица“ којшто е целосно поддржан од општина Струмица во рамките на G1 програмата за 2017 година реализираше и спроведе истражување за тоа дали граѓаните и младите се запознати со процесите на донесување на одлуки на локално ниво, дали досега учествувале во креирање на локална политика и дали им се познати инструментите кои овозможуваат вклучување во процесите на донесување на одлуки, особено во време на политичка транзиција, демократија и политички турбуленции.
Примарна цел на овој проект е исполнување на дел од Стратегијата за млади на општина Струмица 2015-2020 година со посебен акцент на зголемување на улогата на младите и младинските органзации како силен партнер на општината и зголемување на учеството на младите во процесите на локално донесување на одлуките.
Со истражувањето биле опфатени околу 260 испитаници и резултатите од него покажале дека е потребно да се изработи платформа преку која младите ќе се информираат, но и ќе ги потенцираат своите потреби и директно ќе учествуваат во процесите на донесување одлуки во Струмица.
Целото истражување може да го најдете на следниот линк: https://goo.gl/F6SZsK