Интервју со спец.др.Ристо Сулев -Стоматолог
За првата посета на стоматолог,за најчестите заболувања на забите кај малите деца и кај возрасните зборувавме со др.Ристо Сулев,стоматолог кој повеќе од 30 години се занимава со оваа дејност.
СП-Докторе Сулев,која е најдобрата возраст за посета кај стоматолог ?
ДР.Сулев- Па вака,можам слободно да кажам дека нема правило,кај нас доаѓаат деца на возраст до 6 месеци и тоа по потреба бидејќи запчињата се во фаза на формирање,па посетите се најчесто од инфективни потреби,воспаленија,алергии…
Првата посета кај стоматолог е најубаво да се направи кога ќе никнат првите запчиња,односно тоа е во периодот од 6-12 месеци.
ДР.Сулев-Ваквите посети или контроли се добри и за самите родители бидејќи и на нив ќе им дадеме насоки како и тие да се грижат за запчињата на своите деца.Бидејќи покрај доењето следува период на хранење со цуцли и внесување на разни видови на храна и одтаму расте и ризикот од различни заболувања и на запчињата како и воспалувања на непцата.
Дечињата преку помошта на родителите треба во тој период да започнат со хигената на забите,да се создава навика уште од најмала возраст да се посетуваат стоматолошките ординации.Првите посети не треба да бидат со интервенции,туку со воспоставување на контакт со стоматологот и чисто едукативни,за да понатаму без никаков проблем да може кога ќе дојде ред за интервенција,детето тоа да го прифати нормално и без страв.
СП-Докторе кои се најчестите заболувања кај малите дечиња ?
ДР.Сулев-Кај оваа мала возраст,најчеста е појавата на Кариесот кој ги напаѓа запчињата и ги уништуваа,па тие најчесто не можат да се хранат,се ствараат инфекции,исто така цуцлите знаат често пати да направат проблем бидејќи во нив се собираат бактерии…Затоа се добри посетите кај стоматолог за навремено да се спречат ваквите појави.
СП-Докторе колку чести треба да бидат контролите ?
ДР. Сулев- Сето тоа е индивидуално спрема возраста,струкурата на личноста,заболувањата.Според некои протколарни стандарди тоа треба да биде 2 пати годишно.
Во моето 3о годишно професионално искуство имам право да дадам свое мислење,животот во последно време е доста променет,се внесува храна која содржи доста хемикалии,имунолошкиот систем е послаб,затоа може слободно да кажам дека потребни се и 3-4 посети или контроли годишно.Порано хроничниот кариес беше позатапен сега брзиот кариес е доста честа појава и затоа се потребни повеќе контроли.
СП-Каков е случајот кај повозрасните пациенти,кои се најчестите заболувања кај нив ?
ДР.Сулев-До 30 годишна возраст доминираат кареогените,некои вродени аномалии каде се трудиме да ги корегираме,воспаление на генгивите на непцата,на јазикот.
После 30 годишната возраст односно во четвртата декада,најчести се парандентолошките заболувања,ненавременото лекување во пораниот период почнува да го зема данокот,односно настануваат поголеми оштеувања кај забите и во најчест случај се губат забите.Во оваа годишна доба е потребна поголема грижа за забите.
СП.Докотре за на крај значи потребна е поголема едукација и хигена на забите уште од најрана возраст ?
ДР.Сулев-Сите заедно треба да се едуцираме за да можеме и заедно да си помогнеме.Живееме живот со брзо темпо,технологијата и стоматологијата се напредни,така да на времето она што беше максикум денеска е минимум,и затоа навременото третирање и лекување на забите е од општо добро и за пациентите и за нас лекарите.
СП.-Докторе Сулев ви благодарам за интервјуто и за одвоенто време.
ДР.Сулев .Ви благодарам и на вас.