И ТОЧАКОТ Е СООБРАЌАЈ, МОРА ДА ГО ПОЧИТУВАШ Критична Маса #5

Иако живееме  во средина каде велосипедот се користи претежно за забава или 
спортување, со тек на време научивме дека велосипедот е и транспортно средство
високо-ефикасно, урбано, нештетно по околината, а корисно по здравјето, лично и на 
градот. 
И ние сме сообраќај, мораш да не почитуваш. 
И ние имаме право на добри сообраќајни услови! 
Имаме право на издвоени велосипедски патеки во склоп на сите булевари.
Имаме право на велосипедска мрежа….на велосипедски паркинзи…
Имаме право на „зони 30“ за споделување на улиците со моторен сообраќај, во случај 
на неможност за изградба на велосипедски патеки или ленти на потесни улици.
Имаме право да стигнеме безбедно до било која точка во градов! 
Внимавајте на луѓето на точак и земете не’ предвид!
Точак е возило, а на точак сме сообраќај!  
 
Возиме во група да бидеме побезбедни и да покажеме видливост. Возачите да станат 
свесни дека велосипедистите се учесници во сообраќајот и нормално е да ги има и на 
улица во случај кога нема велосипедски патеки или се окупирани или па се во лоша 
состојба. 
 
Драги сограѓани, да бидеме сојузници во оваа борба за побезбеден град, град во кој ќе 
можеш ти, твоите деца, твоите пријатели да се движат слободно и релаксирано.  
Луѓето на прво место, колите потоа! Не обратно. 
Моментално, oчигледно е дека Струмица е град само за коли.
Можеме поинаку. Треба поинаку.
Придружи ни се да бидеме побројни и повидливи. 
Да инспирираме возењето точак како превозно средство да дојде на дневен ред во 
животите на нашите сограѓани и во сликата за Струмица на одговорните!  
*Секој вози на своја одговорност 
_________________________________________________________________________ 
Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во 
светот.
Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат 
подобар вело-град.
Критична маса во Струмица е самоодржлив, саморегулиран месечен собир на 
урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од 
неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ 
предвид“).Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! И Струмица може да 
стане подобар град! 
 
  kri masa poster

Напишете коментар