Хуманитарен концерт „Музика за Исидора“ и во Струмица
На 22 јуни, среда, со почеток во 21 часот во амфитеатарот во Струмица ќе се одржи хуманитарен концерт насловен „Музика за Исидора“. Концертот се одржува со помош на Младинскиот совет на општина Струмица, општина Струмица и Факултетот за музичка уметност од Скопје. На концертите ќе настапат студенти од вокално-инструменталните оддели од Факултетот за музичка уметност. Билетите имаат симболична цена од 100 денари и средствата собрани од концертот ќе бидат донирани за Исидора Димеска од Прилеп, која се наоѓа на лекување на државната клиника во Скопје со дијагноза АСД, ВСД и пулмонална хипертензија, но потребна е итна операција во странство за која се потребни околу 15 илјади евра.
Со поддршката на овој хуманитарен концерт, општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев уште еднаш како безброј пати досега ја потврдуваат својата хуманост кон децата.