Хорот при О.У.Борис Трајковски од Моноспитово Расадник на Музички Таленти
Со основањето на основното училиште Брис Трајковски во Моноспитово,се основаше и хорот и оркестарот при оваа училиште.За почетоците,за интересот разговаравме со наставничката по музичко образование и диригент на хорот Ленче Велкова.
Д.Ѓ. Наставничке Велкова кога е создаден хорот при О.У.Борис Трајковски ?
Л.В. Со основањето на основното училиште Борис Трајковски,пред три години се создадоа и хорот и оркестарот при оваа училиште.Со макотрпна и посветена работа, а пред се нашата желба и желбата на учениците,хорот почна да ги дава саканите резултати.
Д.Ѓ. Каков е интересот на учениците ?
Л.В.Слободно можам да кажам дека со самото основање пред три години,како тогаш и денес има голем интерест кај учениците,и тогаш и денес бројката е 30 ученика кои ги посетуваат хорските проби.
Д.Ѓ. Колку често се одржуваат пробите на хорот ?
Л.В. Ние три пати во неделата имаме проби,но кога се спремаме за некој настап или натпревар секако темпото на пробите е поголемо.
Д.Ѓ. Основното училиште Борис Трајковски може да се пофали со своја химна на училиштето која е авторска,кој е авторот на оваа химна ?
Л.В. Авторот на музиката сум јас,додека текстот е на наставничката по македонски јазик Ана Митев.Песната е напишана за нашиот патронат и се вика Нашиот Патронат и посебно сме горди што оваа песна стана химна на училиштето.
Д.Ѓ Иако хорот е релативно нов,сепак имате добиено и награди …
Л.В. Да нашата макотрпна работа вроди и награди.Ние секоја година учествуваме на натпреварите што се случуваа во о.Струмица каде имаме добиено и награди,а посебно сме среќни што оваа година во Струмица ја добивме првата награда и со тоа настапивме на државниот натревар на хорови во Кавадарци каде го освоивме второто место.
Д.Ѓ. Несомнено за учество на натпревари потребна е и подршка..
Л.В.Секако, ја користам приликата јавно да изразам огромна благодарност до директорот на училиштето како и до самото училиште кои секогаш ни дават подршка без која не можеме да ја покажаме нашата работа како и самата промоција на училиштето.
Д.Ѓ. За на крај се кријат ли идни музички таленти во хорот при О.У.Борис Трајковски ?
Л.В. Струмица е позната по големиот број на музички таленти, па така секако и во нашиот хор гледам дека во иднина ќе се појават нови музички таленти кои својот почеток го имале токму во оваа училиште.
А посебно сум среќна што неколку ученици хористи,своето образование го продолжија во средното музичко училиште.