Градоначалникот Заев на средба со градоначалникот на Лауенбург (Елба) од Германија
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска, во својот кабинет оствари средба со Андреас Тиде градоначалник на општината Лауенбург (Елба) од Германија. Двајцата градоначалници разменија информации за општините и нивните карактеристики по што ја потврдија можноста за воспоставување заедничка соработка и пријателство меѓу граѓаните на Струмица и Лауенбург (Елба).
На средбата посебно се разгледуваа можностите за економска соработка меѓу двете општини. На истата присуствуваше и Чинг Ланг претставник на Кина во провинцијата Фуџијан во Германија и посредник во трговската размена, а кој најави дека имаат намера да инвестираат во Струмица.
Градоначалникот Зоран Заев рече дека негов приоритет е економскиот развој на Струмица и затоа вратите на општината се ширум отворени за сите инвеститори, но и за нови пријателства и размена на искуства со општините од европските земји.
Во состав на делегацијата од Лауенбург беше и Панде Христов, иселеник кој живее и работи во овој германски град.