Градоначалникот Заев доби плакета од фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“
Претставници на меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, денеска, на градоначалникот Зоран Заев му врачија плакета во знак на благодарност за неговата и континуираната поддршка на општина Струмица за фестивалот.
Заблагодарувајќи се, градоначалникот Заев рече дека му е чест што тој и општината го поддржуваат овој реномиран меѓународен фестивал.
-Традиционално, еве 23 години се организира меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, каде јас имам чест единаесет пати по ред да бидам градоначалник додека се организира фестивалот, пред се од луѓе ентузијасти, љубители на културата од нашата Струмица. Ја имам честа да го поддржувам фестивалот и тоа ми е значајно бидејќи фестивалот расте во својот квалитет и опстојува, без разлика колку е време на криза, без разлика колку се тешки моментите во кои опстојува. Навистина и оваа плакета, денеска во знак на 23-то издание на овој прекрасен фестивал ми претставува посебно драга работа, бидејќи знам како се создава во текот на целата година едно издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Јас сакам да им се заблагодарам на сите ентузијасти кои го работат и растат фестивалот како мало дете, секако од раководителите и селекторите во програмата, а публиката е таа која што ќе ги каже своите впечатоци за понудените тринаесет претстави кои ќе се играат овде, но впечатоците кои градот и граѓаните ги имаат од „Ристо Шишков“ се прекрасни и се надевам дека во иднина интересот за такви културни продукти ќе биде се поголем и поголем, рече градоначалникот Заев.
Во името на претставниците на Фестивалот, минатогодишниот лауреат на единствената награда за највисоко актерско достигнување „Ристо Шишков“ Бајруш Мјаку, рече дека овој фестивал има огромна културна вредност за Македонија и посака тој да има долг живот