Градоначалникот на Ново Село, Блажо Велков информира дека во Самoилово со проектот планираат 100 парцели
Тој информира дека за индустриската зона „Кошутица“ имаат планска документација на локација од Струмица за Бугарија. Се работи за површина од 30 хектари.
– Продадовме повеќе парцели по тој пат. Една на бугарска компанија со лесна индустрија, друга парцела е на наша фирма со кинеска компанија за фабрика од електронската индустрија. Кај Смолари има уште една парцела. Три парцели се за лесна индустрија и ќе ги пуштаме овој месец во зоната во Борисово, рече Велков.