Градоначалникот Коста Јаневски ги посети локациите на кои се одвиваат градежни активности
Градоначалникот Коста Јаневски со своите соработници, ги посети локациите на кои се одвиваат градежни активности, а со кои се подобруваат условите за живот во населените места и градот. Тој рече дека е задоволеГрадоначалникот Коста Јаневски н од динамиката со која што се реализираат проектите, а дел од нив се веќе во завршна фаза.
Во населените места Просениково и Дабиле се изведуваат канализациони системи во вкупна должина од 16.181 метар.
-Околу 40 проценти од овој проект се веќе завршени, се работи за изведба на примарната канализациона мрежа која што до крајот на оваа година би требало да биде завршена. Во меѓувреме ние подготвуваме проекти за дополнителни краци кои што согласно тоа што се развивало населеното место или се граделе нови објекти не се опфатени со овој примарен проект, меѓутоа, еве во тој правец се движиме за да може секој граѓанин во тие населени места да имам пристап до овие благодети на современото живеење. Овие проекти чинат околу 40 милиони денари, тоа се комбинирани средства од ИПА фондовите и општинскиот буџет, ги користиме сите можни потенцијали од министерствата, од европските фондови и банки, ги комбинираме со наши средства за да може да бидеме поефикасни и побрзи во остварувањето на секаков вид проект кој што ќе биде од корист за нашата општина, рече градоначалникот Јаневски.
Во населените места Куклиш и Муртино во завршна фаза е преадаптацијата на објекти во сопственост на Општината во клонови на градинката „Детска радост“ со капацитет на прифаќање на 86 деца на возраст од 2 до 6 години.
-Во моментот се привршуваат градежните и знаетчиските работи, веќе се поставени инсталации за загревање, цистерни за користење на гас, во процедура се барања до Министерството за труд и социјална политика за да добие согласности за персонал, односно за неколку воспитувачи и негуватели, тече и постапката за обезбедување мебел и опрема со што извесно е дека со почетокот на новата учебна година овие градинки ќе бидат целосно комплетирани и ќе може да ги примат дечињата од предшколска возраст, додаде Јаневски.
Тој информираше дека пред некој ден е завршен и мостот на каналот кој што поминува низ населеното место Сачево кој подолго време граѓаните го спомнуваа како горлив проблем. Станува збор за современ мост со армирана бетонска конструкција со ограда, а планирани се уште два други моста и одредена делница од асфалтниот пат за кои се изготвува проект и во скоро време и тоа ќе биде завршено.
Градоначалникот Јаневски го посети и стационарот за бездомни животни чија изградба е во завршна фаза, а во процедура е набавката на специјално возило со кое што ќе се транспортираат животните. Се гради по најсовремени стандарди и согласно законските прописи за заштита и благосостојба на животните, а се почитуваат и сугестиите на граѓанските здруженија кои што се занимаваат со оваа проблематика. Овој проект треба да биде реализиран до крајот на мај.
Денешната посета градоначалникот Јаневски ја заврши на улицата „Младинска“ каде што во тек е изведбата на ново улично осветлување.
-Оваа важна сообраќајница во општина Струмица беше лоцирана како недоволно осветлена. Проблемот беше во тоа што во еден поголем дел воопшто не постоеја арматури каде што можевме да поставиме современи ЛЕД осветлувања, што значи се направи еден нов современ проект за заменување на старите дотраени канделабри и поставување на нови на места каде што воопшто не постоеја. Ќе се постават 47 канделабри со современо ЛЕД осветлување кое што генерира и одредени заштеди, таа беше една и од нашите заложби. Еве за илустрација, тука ќе бидат инсталирани ЛЕД светлечки тела со јачина од 80 вати кои што ќе даваат јачина на светлината многу поголема од оние кои што досега беа и до 350 вати, со што видливо е колкава заштеда ќе донесат овие наши проекти, практично се движиме по оној концепт да самиот проект да генерира таква заштеда која што самата себе би се отплаќала и сите проекти гледаме да ги креираме на тој принцип, рече градоначалникот Јаневски.