Градоначалникот Јаневски меѓу љубителите на поезијата во градскиот парк
Градоначалникот Коста Јаневски синоќа беше меѓу љубителите на поезијата покрај езерцето во градскиот парк кои уживаа во поетските стихови на Лидија Димковска, македонски поет, прозаист, есеист, теоретичар на книжевноста и преведувач која живее и работи во Словенија. Во прекрасниот амбиент, за нејзиното богато творештво зборуваше поетесата Вања Изова Велева, а стихови читаа Катерина Панова Кожарова, Сузана Мицева и Мариета Дукиќ. Вечерта со поезијата на Лидија Димковска се одржа во рамките на Оф програмата на годинашново седмо издание на Струмица опен фестивал.
Градоначалникот Јаневски присуствуваше и на промоцијата на монографијата „Од портите на пеколот до патот кон небидницата“ од м-р Благој Стојанов, од Здружението на бежанците, бегалците и децата на бегалците – Струмица, која што се одржа во центарот за култура „Антон Панов“.