Градоначалникот Јаневски им ги врачи пехарите на најдобрите екипи на општинскиот натпревар на Црвениот крст
Кабинетот на градоначалникот Коста Јаневски денеска беше полн со млади луѓе со совладани вештини по прва помош и подготвени својата хуманост и солидарност да им ја дадат на сите на кои што им е потребна. Тие покажаа најдобри резултати на општинскиот натпревар по прва помош 2018 кој што во организација на Црвениот крст од Струмица се одржа вчера попладне во градскиот парк, а на кој што учествувааа 19 екипи од основните и средните училишта од Струмица, Босилово, Василево и Ново Село. Врачувајќи им ги пехарите, градоначалникот Јаневски им го честита постигнатиот успех и потенцирајќи го задоволството од нивната желба да ги совладаат вештините по прва помош, рече дека секогаш ќе ја имаат неговата и поддршката од општина Струмица.