„Градиме мостови во образованието на возрасни“
Претставници од општина Струмица на Меѓународна конференција „Градиме мостови во образованието на возрасни“
Тргнувајќи од компонентите на стратешките приоритети на општина Струмица, утврдени во Стратегијата за образование кои се однесуваат на воспоставување современи услови и практики во образовниот систем на општината, интегрирањето на локалните потреби за образование и пазарот на труд и градење на капацитетите на локалната администрација, претставници од општина Струмица присуствуваа на Меѓународната конференција „Градиме мостови во образованието на возрасни“, која деновиве се одржа во Скопје.
Оваа меѓународна средба од стручен аспект е организирана со цел да се состанат експертите кои работат во полето на образованието на возрасни во регионот на Југоисточна Европа. Домаќин на конференцијата беше Центарот за доживотно учење од Скопје, финансиски поддржана од ДВВ Интернационал од Бон, СР Германија. Како форум за размена на мислења, искуства и добри практики и креирање заеднички пристап во решавањето на предизвиците и актуелните проблеми во полето на образованието на возрасните присуствуваа голем број учесници од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.
Во рамките на конференцијата заеднички беше прославена и 20- годишнината од работата на ДВВ Интернационал во Република Македонија и придонесот што оваа организација го дава за развојот и унапредувањето на образованието на возрасните и младите во земјата