Градежени активности во о.Василево
Локалната самоуправа Василево и во текот на оваа недела продолжува со рамнење на селските патишта и улица. Механизацијата на градежната фирма „Џови компани“ со која општина Василево има склучено договор за рамнење на улиците, денес е ангажирана во Василево. Конкретно се работи на улицата која води кон големото фудбалско игралиште. Истата се рамни и проширува, со што се подобрува пристапот кон земјоделските површини во тој дел од селото. Како што информираше градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, овие денови во Василево ќе се работи и на другите патишта, односно секаде каде што има потреба.
Во периодот што следува вакви активности општината ќе преземе и во другите населени места.
Рамнењето на селските патишта и улици е планирано со Програма за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2016 година и истото се финансира со средства од Буџетот на општина Василево.