Голем Успех за Македонските Одбојкари

Одбојкарите на Македонија, синоќа беа поразени во големото финале, од сепак, моќната за нас репрезентација на Словенија, и репрезентација која што ни овозможи да заиграме во Фајнл-форот на Европската одбојкарска лига во Полска.

По големиот триумф во полуфиналето против Естонија, самодовербата кај македонските одбојкари беше многу поголема, но сепак, Словенија беше преголем залак за нашите одбојкари. Но без оглед на се, овој пласман сигурно дека не се очекуваше од репрезентативците, па може да бидеме задоволни од постигнатото.

Селекцијата на Македонија го доби признанието за фер плеј на овогодинешното издание во Европската лига, додека во идеалниот состав на ова одбојкарско првенство, двајца од нашите одбојкари партиципираат во него, Јовица Симовски и капитенот Никола Ѓорѓиев.

По поразот од Словенија, капитенот на репрезентацијата Никола Ѓорѓиев потенцираше дека Македонија треба да биде задоволна од оствареното во Полска, и дека оствариле огромен, историски успех во Европслата лига.
преземено=спортклуб.мк

Напишете коментар