Генерација 2002 и генерација 2003 на ФК Академија Пандев – Шампиони на Македонија
Денес на прекрасните фудбалски терени при ФФМ, во малото детско фудбалско царство како што го нарекуваат присутните гледачи, нашата фудбалска академија стана шампион во две генерации.
Најпрво помладите дечиња родени 2003 година во финалниот натпревар славеа над ФК Шкендија со 2:1, а потоа голема радост ни приредија и повозрасните од генерацијата 2002 кои во финалето беа поуспешни од ФК Вардар исто така со резултат 2:1.
Честитки до сите дечиња и тренерите и воедно ги покануваме утре да бидат гости на првиот тим на градскиот стадион во Кочани, каде нашиот тим го игра баражот за пополнување на втората лига против тимот од Куманово ФК Гоблен.