Франшизата Helen Doron Educational Group на глобално ниво е прогласена за најдобра франшиза за деца и едукација од страна на престижниот Global Franchise Magazine
Франшизата Helen Doron Educational Group на глобално ниво е прогласена за најдобра франшиза за деца и едукација од страна на престижниот Global Franchise Magazine со што оваа франшиза е препознаена како докажан светски бренд, кој лидер во детската едукација. Наградата беше доделена во Лас Вегас на Global Franchise Award 2019 лично на г-ѓата Хелен Дорон која е основач и креатор на оваа успешна франшиза.
Helen Doron English e глобална франшиза која постои веќе 35 години и е застапена во над 40 држави, на 4 континенти ширум светот, со над 2 милиони едуцирани деца досега. Оваа франшиза нуди посебна и уникатна методологија за учење на англиски јазик и стимулација на детскиот интелектуален развој. Успехот на оваа франшиза се должи на совршено развиената методологија и систем на едуцирање на децата преку која децата се стекнуваат со знаење и вештини на еден природен и спонтан начин, кој децата го обожаават и развиваат љубов кон учењето. Исто така важен момент за успехот на оваа франшиза е и одлично изградениот концепт на обуки, менторирање и подготовки на учителите кои се вклучени во целиот процес, контролата на квалитетот, унифицираните стандарди за квалитет, како и специјално дизајнираните учебни материјали како за учениците, така и за учителите.
Среќни сме што можеме да се пофалиме дека овој светски познат бренд за едукација постои и во нашата држава веќе шеста година и успешно работи. Хелен Дорон во Македонија е застапена со 14 училишни центри на 14 локации во 8 градови низ државата. Големиот број на запишани ученици, како и исто толкавиот број на задоволни ученици и родители е голем показател за успешноста на оваа франшиза и во нашата држава. Исто така Хелен Дорон Македонија е една од докажаните социјално одговорни компании, која секоја организира најразлични хуманитарни акции, но и кампањи за подигање на јавната свест во општеството за различни теми кои се важни, како што се децата со посебни потреби, заштитата на животните, здравата исхрана, екологијата и потребата од рециклирање, читањето на книги и др.
Струмица е еден од превилигираните градови кои имаат Хелен Дорон училишен центар во кој се едуцираат децата од нашиот град. Овој училишен центар во нашиот град е препознатлив по врвнате едукација која ја нуди, квалитетот, како и успехот кој го постигнуваат Хелен Дорон учениците. Овие ученици веднаш се препознаваат по својот интелектуален развој и совршениот англиски јазик кој го зборуваат сигурно и со самодоверба.