Финализира Изградбата на Паркот во Василево
Десетина работници, од повеќе профили, деновиве интензивно работат на изградбата на паркот на влезот во с. Василево, кој како што неодамна најави градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, ќе биде готов до верскиот празник Голема Богородица – ден што го празнуваат жителите на с. Василево.
Паркот, како уредена површина со бехатонски патеки, клупи и канти за отпадоци, со газебо од ковано железо, ротирачки елемент со ознаките на општина Василево и Република Македонија, оплеменет со дрвца и тревната површина, ќе го смени изгледот на влезот во село Василево, кое воедно е и општински центар.
Средствата за изградба на паркот изнесуваат околу 1 800 000 денари, од кои 80% се обезбедени од Бирото за регионален развој преку Програмата за развој на подрачја со специфични развојни потреби, а останатите 29% со општинскиот Буџет.
Вкупната површина на паркот е 1 400 м2 .