ФИЛМОТ „ЗЛАТНА ПЕТОРКА“ НА ФЕСТИВАЛОТ SEE À PARIS

По неодамнешната проекција на македонскиот филм „Златна петорка“ во култното берлинско Кино „Бабилон“, вечерва во познатото Кино „Ентрепот“ во Париз, во присуство на режисерот Тренчовски, со проекцијата на „Златна петорка“ се отвора фестивалот SEE à Paris, манифестација посветена на кинематографиите на земјите од Југоисточна Европа.
Филмот „Златна петорка“ досега успешно е прикажан на фестивали во Лондон, Сиднеј, Торонто, Бенгалур, Москва, Перуџа, Берлин, Битола, а наскоро ќе има низа регионални фестивалски претставувања, како и промоција во САД. Во Москва филмот се закити со специјална диплома од жирито, а во Перуџа доби „Златен грифон“ и беше прогласен за најдобар странски филм. Во сабота, на 3 јуни, во рамките на фестивалот, режисерот Горан Тренчовски ќе одржи мастер-клас на културолошко-образовниот институт ИНАЛКО (Национален институт за јазици и ориентални цивилизации) во рамките на Универзитетот Сорбона, каде што ќе зборува на темата „Литературата и филмот“.

Напишете коментар