Фестивалот ЈО-ЈО по втор пат ја ВООДУШЕВИ Струмица
Салата на центарот за култура Антон Панов беше претесна да ја собере публиката која беше дојдена на вториот по ред фестивал на детски песни ЈО-ЈО.Шеснаесет детски песни инспиририани од првото вљубување, мајка, светот на принцези, фудбалот,за сонови.Овој фестивал има ревијален карактер и настапија дечиња на возраст од 5-11 години.„Струмица имаше потреба од ваков настан каде децата ќе го покажат својот талент, но и да стекнат искуство од развој на музикалност и сценски настап што може да им помогне во стекнување на самодоверба во понатамошниот настап и животот’’ – изјави Мери Јанчева, еден од организаторите на настанот.Водител на фестивалот беше Стојне Карадакоски, а организатор Здружение за заштита и промоција на правата на децата „ЈО-ЈО“ од Струмица.