Еко Акција од малите петооделенци при ООУ “Борис Трајковски”-Моноспитово
Голема Еко Акција од малите петооделенци при ООУ “Борис Трајковски”-Моноспитово со нивната учителка Златица Стојкова во која се вклучија и учениците од подрачното училиште од Бориево “Вредна рака работи вака”
Еко свеста треба да се развива од мали нозе бидејки светот на младите останува.
Треба да ја чуваме природата бидејќи природата не ни е предадена во наследство туку ја позајмуваме од идните генерации.
Треба сите да знаеме дека природата не умира, несовесните луѓе ја убиваат.
Голема благодарност до општина Босилово и градоначалникот Зоран Зимбаков, кој обезбеди превоз на собраниот отпад и директорката Соња Бучкоска која ја поддржа Еко Акцијата.