Едукативна Работилница на Црвен Крст по Повод Светскиот ден Борба Против Трговија Луѓе
По повод 18-ти Октомври Меѓународениот ден на борба против трговија со луѓе, Општинската организација на Црвен Крст Струмица одржа едукативна работилница во ОУ ” Кирил и Методиј ” –с. Дабиља на ден 19 Октомври, каде присутни беа 38 ученика од 8-мо и 9-то одделение како една од ризичните возрасти кај која има можност од вакви последици.
На самото предавање беше презентирано кој може да биде жртва, начинот како може да се стане жртва како и превенција за самиот тој процес во кој трговците не бираат време возраст и пол.
Работилницата ја водеше обучено лице со помината едукација за точно овој тип на предавање Ана Каменчева која воедно е и волонтер при ООЦК – Струмица. Презентацијата беше добро прифатена од страна на самите ученици кои актвно се вклучија во самата работилница и покажаа голема заинтересираност за самата проблематика која не опкружува сите нас. Наша волонтерка подели и информативен материјал во вид на флаер, а на самото предавање имавме присутни и дел од професорите кои секогаш ги поддржуваат ваквиот вид на предавања како и директорот Зоран Христовски со кој се надеваме дека соработката ќе продолжи и понатаму.