Еден од Најздравите Зеленчуци Конечно и во Струмица

АспарагусAспарагусот е растение кое што се смета за деликатес уште од древни времиња. Ова високо ценето растение пристигнува со доаѓањето на пролетта, кога пробива на почвата и може да достигне висина од 15-17 цм. Во Калифорнија првите култури се берат уште во февруари, сепак, нивната сезона генерално се смета од април до мај. Аспарагусот е многу добар извор на растителни влакна, фолна киселна, ги содржи витамините А,Ц,Е и К.Ова растение, заедно со авокадото и  кељот е особено богат извор на глутатион, детоксикациона состојка која помага да се прекинат канцерогените и другите штетни супстанци како што се слободните радикали. Ова е причина зошто јадењето аспарагус може да помогне за заштита и  борба против одредени форми на рак, како што се коските, дојката, дебелото црево и рак на белите дробови.
Аспарагусот е полн со антиоксиданси,а според прелиминарните истражувања, може да помогне да се забави процесот на стареење. Уште една придобивка на аспарагусот е тоа што содржи високо ниво на аспарагин, амино киселина која служи како природен диуретик, што придонесува за зголемено мокрење, при што се ослободуваат вишокот течности од телото, и  помага во ослободувањето на вишокот на соли. Ова е особено корисно за луѓето кои страдаат од едем (акумулација на течности во ткивата на телото) и оние кои имаат висок крвен притисок или други болести поврзани со срцето.

Во Струмица, растенијата од ваков вид многу тешко се наоѓаат на гардските пазари и низ маркетите, од причина што се работи за растение кое што е ретко распространето на нашето поднебје. Добра вест за сите љубители на аспарагусот е тоа што истиот од неодамна може да се најде на полиците во Маркетот Здравец, и да уживате во придобивките кои што доаѓаат со него. Тимот на Strumi.ca сме големи љубители на аспарагус, па еве една рецепта од нас, која може да ја приготвувате како брз ручек или вечера:

Потребни состојки: макарони, аспарагус, песто, лук, лимон, маслиново масло, сол и црн пипер.

Паста со АспарагусВо зовриена вода се ставаат макароните да се сварат, а во меѓувреме го сечете апсарагусот на три дела, при што го откинувате долниот дел кој што е со жолтеникава боја. Во загреана тава, ставате сосема малку масиново масло, и го ставате аспарагусот да се пропржи, околу 2-3 минути. При крајот на пржењето го ставате претходно ситно исецканиот лук, и сокот од половина лимон, кој што ќе го освежи вкусот.Посолувате и побиберувате. Макароните ги цедите од водата, и повторно ги ставате во тенџерето, каде ставате 2 лажички песто, и испржениот аспарагус. Послужувате со малку рендан парзмезан и рукола. Добар апетит 🙂

 

Напишете коментар