ЕД Планетум ја уредуваше површината пред станбената зграда на улица Горѓи Василев
ЕД Планетум во рамките на проектот : Програма за поддршка на граѓанското општество ЦИВИКА Мобилитас , финасиран од Влада на Швајцарска конфедерација , ја уредуваше површината пред станбената зграда на улица Горѓи Василев ( наспроти ресторан Студио Ин ).
Во рамките на ова уредување со поддршка и помош на ЈПКГД Комуналец Струмица, еколошкиот тим и тимот на градско зеленило Струмица како и жители -иницијатори од станбената зграда, извршија: обработка на почвата , насип на плодна почва, израмнување на истата и хортикултурно ја уредија . Се посадија зимзелени дрвца со сезонски цвеќиња , декорирани со ситен камен и мулч. ЕД Планетум продолжува со вакви активности следејќи ја својата мисија: Заштита и унапредување на животната средина преку решавање на прашања поврзани со отпадот , развојот на алтернативниот туризам и урбан развој.