Џез вечер со Сашо Поповски Трио и Fierce – СОФ 2018
Еден од најспецифичните настани на фестивалот низ годините е вечерта посветена на џез музиката. Годинава на 12 август од 22:00 часот на сцената кај Чешмичката ќе настапат бендовите Сашо Поповски Трио и Fierce.
САШО ПОПОВСКИ ТРИО
Сашо Поповски е џез музичар од четвртата генерација на македонски артисти, професор на ФМУ при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и композитор. Во текот на своите 20 години работење има изадени три џез албуми и неколку соло композиции. Во Струмица ќе ги донесат звуците на неговото трио.
FIERCE
Џез бенд чиј израз е инспириран од потребата за музички и општествени промени во македонското конзервативно општество. Претставува звук и форма на современ џез, создадени од млада генерација на македонски музичари, со иновативни мелодии, рифови и ритмови.