Драгана Костова со прво место на V Меѓународно пијанистичко натпреварување во Смедерево-Србија
Основното музичко училиште „Боро Џони„ може да се пофали со уште еден бисер од герданот наречен успех.Тоа се зборовите на директорката на училиштето Клара Вета Патарова.Тој бисер е нивната ученичка Драгана Костова.Таа учествуваше на V МЕГУНАРОДНО ПИЈАНИСТИЧКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ во Смедерево,Србија.Од таму се врати со медал и диплома за освоено прво место.Драгана вели дека немаше да биде така ,ако заедно со неа не вложеше труд и нејзината професорка по пијано Ана Цунева. Драгана се дружи со пијаното од нејзината шеста година.Таа вели :_„ Пијаното е мојот спокој и ми носи радост.Тој е моето прибежиште од математиката,географијата и другите наставни предмети.Сп пијаното и со песната си ја одмарам душата.Пијаното е моето секојдневие„ Нејзината професорка вели дека Драгана е многу одговорна,трпелива упорна и секогаш ведра и дека добро се сложуваат во работата ,затоа постигнуваат успеси. Покрај пијаното Драгана ја сака и песната.За неа песната е мелем за душа.Таа оваа година учествува во НЕКИ НОВИ КЛИНЦИ .Со нејзината прекрасна интерпретација влезе во полуфинале.Се надева дека ке оди во финале.Се надева дека оваа година ќе и се насмее среќата,ќе и се оствари и таа желба. Честитки за Драгана и за нејзината професорка Ана Цунева. На музичкото училиште му посакуваме многу вакви успеси,затоа што тие го заслужуваат тоа со упорната работа на професорите и одличната организација на директорката Клара Вета Патарова.